Вести Македонија Ударни вести

С.Македонија има поддршка од европските партнери за старт на преговорите

Сподели:

 

На денешната прес-конференција, на медиумскиот интерес дали предлогот на францускиот претседател Макрон за паралелна европска заедница ќе влијае врз македонско бугарскиот спор, портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, информираа дека овој предлог Владата го гледа како можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација.

Како што истакнаа, тој е поттикнат од потребата да се даде еден вид заштита, европска перспектива и можности за поврзување и соработка на Украина, Молдавија и Грузија, со Унијата, без притоа да чекаат да се исполнат сите критериуми кои се потребни за земјите кандидатки за членство.

„Северна Македонија ја има поддршката од европските партнери, кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите, а Владата го продолжува дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение, кое ќе го крене ветото и ќе го даде долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговорите со Унијата“, информираа портпаролите.

Сподели: