САД: Потврдено дека британски тинејџер се обидел да го застрела Трамп на митинг

Сподели

Доколку биде осуден, Стандфорд ќе се соочи со затворска казна од над 10 години и парична казна од 250.000 долари

thumbs_b_c_98f7c9bd15379cc6489dfa880a8f3aa2

ВАШИНГТОН (АА) – Деветнаесетгодишен Британец е обвинет за обид за грабнување пиштол од полициски службеник на митинг во Лас Вегас со цел да го застрела Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).

Мајкл Станфорд се појави во судот во Невада вчера поради обвинение за извршување на „насилнички акт” за време на митингот на 18-ти јуни на можниот претседателски кандидат од Републиканците во едно казино.

„Стандфорд откри дека свесно дошол во Лас Вегас за да го убие Трамп”, според жалбата на судот во која се вели дека обвинетиот се обидел да земе пиштол од полициски службеник кој бил во „откочена позиција”.

„Стандфорд рече дека дека би можeл да истрела еднаш до двапати и нагласи дека бил убеден дека потоа ќе биде застрелан од страна на безбедносните сили при неговото посегнување по животот на Трамп”, се вели во жалбата.

Судот го класифицира Стандфорд како опасен и ризичен и нареди негово притворање се до следното сослушување на 5-ти јули.

„Стандфорд тврдеше дека се обидувал да го убие Трамп повеќе од една година но се решил на оваа можност бидејќи конечно се почувствувал подготвен да го стоири тоа”, се вели во судската документација за случајот.

Доколку биде осуден, Стандфорд ќе се соочи со затворска казна од над 10 години и 250.000 долари парична казна.

AA.COM.TR