Вести

Самитот во вторник е можност Велика Британија да поднесе барање за излез од ЕУ

Сподели:

Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, побара од Велика Британија веќе во вторник официјално да поднесе барање за излез од ЕУ, по референдумот на кој гласачите се изјаснија за напуштање на 28-члениот блок

thumbs_b_c_2fd44396526f81b17a99f4259e0c28fa

ЛОНДОН (АА) – Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, побара од Велика Британија веќе во вторник официјално да поднесе барање за излез од ЕУ, по референдумот на кој гласачите се изјаснија за напуштање на 28-члениот блок, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Сега очекуваме британската влада да достави известување. Самитот на ЕУ во вторник е вистинскиот момент за тоа”, изјави Шулц за германскиот весник “Bild am zontag”.

Европските официјални претставници од Велика Британија побараа да ја напушти ЕУ што е можно поскоро со цел „да се избегне штетната неизвесност за сите и да се сочува интегритетот на Унијата”.

Британскиот премиер Дејвид Камерон по референдумот, кога најави дека поднесува оставка, рече дека преговорите за напуштање на ЕУ ќе му ги остави на неговиот наследник, за кој се очекува да ја преземе премиерската функција во октомври.

ЕУ сака што побрз излез на Велика Британија од тој блок и за таа цел адвокатите на ЕУ го проучуваат начинот на можно забрзување на механизмот на излегување од ЕУ, односно активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор со кој започнува двегодишниот период на транзиција.

Според официјалните резултати од референдумот којшто се одржа во четвртокот, 23-ти јуни, 52 отсто од граѓаните на Велика Британија гласаа за излез од ЕУ.

Сподели: