Санкционирани 134 возачи во Скопје – 17 без возачка дозвола

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, една мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

МВР апелир граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.