Санкционирани 172 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи.
 
Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
 
Притоа, 96 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место.
 
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.