Вести Македонија

Санкционирани 214 возачи на мотоцикли – 9 мотоцикли одземени

Сподели:

 

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 30 возачи. Од нив, 17 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, пет возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели: