Вести Македонија

Санкционирани 222 возачи за брзо возење

Сподели:

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 222 возачи.

Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со над 70 километри на час. Притоа, 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели: