Вести Македонија Ударни вести

Санкционирани 60 неисправни возила со кои се врши јавен превоз

Сподели:

 

Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „Дозвола“  во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

„Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје. Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред за управување. Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци“, изјави портпаролот Ангеловски.

Од страна на инспектори на Државен инспекторат за патен сообраќај и инспектори од единиците на локална самоуправа ( кои исто така учествуваа во акциската контрола)  преземени се 18 мерки поради вршење на јавен превоз без лиценца.

Сподели: