Санкционирани 73 возачи под дејство на алкохол во Скопје

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
 
На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 73 санкции, 34 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 25 санкции за возење без возачка дозвола.
 
Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, четири за користење мобилен телефон.
 
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.