Вести

Саркози заминува од местото претседател на партијата

Сподели:

 

1_87

Поранешниот француски претседател Никола Саркози соопшти дека ќе поднесе оставка на местото лидер на партијата Републиканци, со што си го отвора патот за повторно да се кандидира за претседател на државата, јавува Телма

Оваа партија, како и другите десни и партиите од десен центар во ноември ќе го бираат својот кандидат за претседателските избори во Франција во 2017 година.

Победникот ќе се соочи со Марин Ле Пен од екстремниот десен национален фронт и најверојатниот социјалистички кандидат, актуелниот претседател на земјата Франсоа Оланд.

Сподели: