Вести Македонија

СДК: Редица функционери на распит во СЈО

Сподели:

 

Во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) повторно има зголемена фреквенцијата на лица, овојпат поврзани со случајот „Титаник“, за кој специјалната обвинителка Катица Јанева на прес-конференцијата 28 февруари соопшти дека истрагата е проширена за уште 17 осомничени лица. Како што кажа Јанева, петмина од од нив делувале како создатели на групата, а се работи за функционери во власта, а останатите осомничени се членови на групата, вработени како службени лица во повеќе државни органи, пренесува Сакам да кажам.

Поради тајноста на предистражната постапка, СЈО не открива детали ниту кого повикале, ниту зошто се повикани.

„Титаник“ е првиот случај што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а го објави на 12 февруари минатата година. Главни осомничени се ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, генералниот секретар на владата Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко. Тие се осомничени за кривични дела злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, а во проширената истрага, според СЈО, има основано сомнение и за други дела.

 

Сподели: