СДСМ: Велјаноски да го ослободи кабинетот на Џафери, процесите продолжуваат со формирање Влада!

Сподели

Соопштение на СДСМ:

Избран е нов претседател на Собранието на законски и легитиме начин. Собраниското мнозинство има одговорност да ја формира новата реформска Влада.

Тоа го очекува целата домашна и меѓународна јавност..

Заврши насилниот мандат на Трајко Велјаноски. Велјаноски нема право за личните интереси на Никола Груевски да ја усложнува политичаката ситуација и да го окупира противуставно и неделовнички Кабинетот на претседателот на Собранието. Тој е должен да овозможи новиот собраниски претседател да влезе во својот кабинет и да продолжат демократските процеси.

Нов собраниски претседател е Талат Џафери, со кого, како што соошти заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји ќе работат и САД, а и ЕУ, НАТО и официјален Берлин.

Новиот легитимен претседател на Собранието ќе испрати известување до Ѓорге Иванов дека е формирано демократско легитимино мнозинство и дека Иванов е должен да го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање Влада.

На Иванов ќе му биде предочено уште еднаш тоа што го знаат сите, дека постои
Програмата на новата реформска Влада што целост ја гарантира унитарноста на Македонија, работа според Уставот и евро-атланстските перспективи на државата со што
ќе бидат разбиени сите неразумни аргументи со коишто Ѓорге Ивановги брани всушност криминалните интереси на Никола Груевски.

Врвен државен интерес за Македонија е формирањето на новата Влада и никој не смее да помисли да дејствува противуставно што е тешко казниво дело. Мора да биде овозможено на мнизинството во Памламентот да предложи Влада и Владина програма, што ќе биде направено согласно Уставот, законите и Деловникот во Собранието.

Крвавото насилство во Парламентот, кога беше направен кукавички обид за убиство на пратеници и насилство врз новинари и вработени во Собранието мора да се истражи до крај и нарачателите и извршителите да понесат одговорност.

Груевски, Иванов, Велјаноски, Чавков не смеат да го повторат насилието ниту повеќе да ги вознемируваат граѓаните со лаги и нелогични барања за избори. Избори нема да има.

Секој мора да е свесен за новата реалност, дека постои мнозинство предводено од СДСМ, дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и дека е неопходно демократските процеси да продолжат со мирен трансфер на власта.