Вести Македонија Ударни вести

Се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Сподели:

 

Поради отсуство на дел од обвинетите се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово и се презакажа за 14 октомври во 10 часот.

Поранешните директори на Клиничка болница Тетово, Флорим Бесими и Артан Етеми се товарат дека сториле тешки дела против општата сигурност, а третиот, докторот Б. В е обвинет за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Додека правно лице Клиничката болница Тетово е обвинето дека сторило две кривични дела предизвикување општа опасност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„Се што имам да кажам за овој судски процес за трагичниот случај ќе го кажам пред судот. Јас сум убеден дека судскиот систем ќе ја докаже вистаната и само вистината“, рече обвинетиот Бесими.

Другиот обвинет Етеми не се појави во тетовскиот суд поради работни обврски.

До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово, за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Б. В за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Сподели: