#SellSafe – кампања за подигнување на свеста за купување преку интернет

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и Стопанска банка АД Скопје се вклучија во годинешната кампања за подигнување на свеста за безбедно купување преку интернет, во која учествуваат органите за спроведување на законот од 16 земји кои се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол и Советот заштита на трговците од ризик (Merchant Risk Council) за да споделат практичен совет како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет.

Лидер на Акцијата за е-трговија за 2021 (eComm 2021) е AP Terminal од Европскиот центар за сајбер криминал во Европол, ко-лидер на акцијата е австриската Служба за криминалистчко разузнавање (Bundeskriminalamt), а учесници се сите земји-членки и партнери на ЕУ. Во eComm 2021 учество земаа и надлежните агенции за спроведување на законот од сите земји учеснички со нивни истражни мерки и нивна поддршка преку кампањата наречена „Продавај безбедно“ (SellSafe). Пријавените случаи ќе се селектираат во Европол и ќе бидат означени со eComm 2021 за да им се даде приоритет. Органите за спроведување на законот, како и клучните малопродажни партнери ќе ги споделуваат пораките од кампањата со помош на хаштагот #SellSafe за да можат да се обратат на колку што може поширока публика.

 
Како безбедно да купувате преку интернет за време на овие новогодишни празници и да ги надмудрите криминалците кои ќе се обидат да го злоупотребат купувањето?!

 

Новата кампања за подигнување на свеста се фокусира на Е-трговците пред претстојниот „Црн петок – викенд на попусти“.

 

Најголемата малопродажна сезона во годината само што не пристигнала, а вие не морате ни да го напуштите домот за да учествувате во неа.

Но не мораат ни криминалците.

 

Лесниот дизајн на веб-страниците, зголемениот сообраќај на социјалните мрежи и практичноста направија купувањето и продавањето на производи преку интернет да биде столб на модерното шопинг искуство. Пандемијата со КОВИД-19 натера уште повеќе купувачи да го користат интернетот за купување. За бизнисите, овој тренд истовремено претставува предизвици и значајни можности. Поголемата продажба и поголемиот сообраќај значат и поголем приход. Но исто така значат и позачестени измами бидејќи криминалците имаат уште повеќе можности да украдат како од потрошувачите, така и од трговците. Па, како треба да се подготват трговците на мало?

 

Како да го заштите вашиот е-бизнис

 

 

Воведувањето на вашиот бизнис во светот на е-трговијата претставува сериозен чекор. Постојат неколку едноставни чекори што можете да ги преземете за да продавате безбедно (#SellSafe). Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол состави неколку упатства кои ќе ви помогнат да започнете:

  • Знајте го вашиот производнекои производи се поризични за продажба од други. На пример, продажбата на мали предмети што лесно можат да се препродадат и за кои веќе постои побарувачка е поризична од продажбата на лично дизајнирани предмети.
  • Запознајте го вашиот клиент: Ако прифаќате плаќања со картички и испраќате вредни предмети на клиентите, нели би сакале да знаете кому му ги испраќате истите?
  • Воспоставете безбеден начин на плаќање: вашиот картичен процесор може да ве советува. Избирањето безбеден начин за плаќање ќе го ограничи ризикот од измама.
  • Користете сигурна служба за испорака: изберете метод на испорака со кој ќе будете сигурни дека со вашата стока професионално ќе се ракува и дека нема да има побарувања поврзани со неиспорака.

Повеќе совети како да се заштите себеси и вашиот бизнис од е-измамници може да најдете тука: https://www.europol.europa.eu/ecommerce/emerchants

Поопшти совети за како да купувате безбедно на интернет може да најдете тука: https://www.europol.europa.eu/ecommerce

 

Операцијата „eComm 2020“е креирана како дел од  Истрагата за измама со платежни картички во рамки на ЕМПАКТ предводена од Европол и Австрија. Оваа операција претставува продолжување во пракса на работата на Работната група за е-трговија, јавно приватно партнерство основано во 2014 година со клучни засегнати страни, вклучително Советот за заштита на трговците од ризик, мрежа од 535 e-трговци ширум светот.

Следните земји учествуваат во овогодишната кампања „eComm2020“ за побезбедно купување на интернет:

Австрија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Малта, Северна Македонија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Соединетите Американски Држави.