Вести

Сеул се подготвува за можно нуклеарно тестирање на Северна Кореја

Сподели:

Набљудувањата покажуваат дека полигонот за нуклеарно тестирање Пингуери на 7 јули бил место на голема активност. Истото подрачје беше местото од каде што се изведоа двете последни проби

thumbs_b_c_da714e5bc7909177d5b18652555ba7df

СЕУЛ (АА) – Јужна Кореја денес истакна дека внимателно ги следи потезите на Северна Кореја пред нејзиното можно, петто по ред, нуклерано тестирање, пренесува Anadolu Agency (AA)

Северот изгледа се подготвува за продолжување на јануарските тестирања, според сателитските слики наведени од страна на угледниот американски веб-сајт „38 Норт“.

Набљудувањата покажуваат дека полигонот Пингуери на 7 јули бил место на голема активност. Истото подрачје беше местото од каде што се изведоа двете последни проби.

Анализата на угледниот сајт вели: „Јасно е дека Северна Кореја сака да се осигура дека местото за изведување на идните нуклерани тестирања е подготвено за евентуалната наредба од Пјонгјанг”.

Таквиот потег ќе повлече уште поостри мерки од последните санкции на ОН изречени кон Северна Кореја во март.

Северна Кореја беше вознемирена од неколкуте случувања минатата недела, вклучувајќи го донесувањето на одлуката од страна на САД за санкционирање на лидерот Ким Џонг-ун и по најавата на Сеул и Вашингтон дека ќе распоредат моќен систем за ракетна одбрана, ТХААД (Terminal High Altitude Area Defense) на полуостровот.

Јужнокорејското министерство за обединување се сложува со фактот дека е можно нивниот северен сосед да го изведе своето петто тестирање во кое било време.

„Владата се подготвува за извесното нуклеарно тестирање на Северна Корејa (преку внимателно следење на ситуацијата), користејќи ги воените капацитети на Јужна Кореја и САД”, истакна претставник на Министерството, цитиран од страна на јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Сподели: