Шалтерите на Град Скопје во барака 16 ќе работат до 16 часот

Сподели

 

Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, Градот Скопје ги известува граѓаните дека шалтерите во барака број 16 од денеска, 13.03.2020 година, ќе работат до 16:00 часот. Во наредниот период во барака број 16 после 16 часот нема да се врши прием и издавање на документи.

Скратеното работно време ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции.