Шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, каде што се издаваат „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи со изменето работно време, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Согласно измената, услугата ќе биде достапна од понеделник до петок, во периодот од 09:00 до 17:00 часот.
Во сабота шалтерот нема да работи.
МВР ги информира граѓаните навремено да ги планираат своите посети согласно новото работно време, со цел непречено и ефикасно издавање на одобренијата.
фото МВР


