Вести Македонија

„Шарената револуција“ најави нова герила акција за вечерва

Сподели:

pavle-bogoevski

Активистот на „Шарената револуција“, Павле Богоевски денеска преку својот личен профил на „Фејсбук“ ги повика граѓаните денеска во 21 часот да се соберат пред Специјалното јавно обвинителство за да ја спроведат денешната герила акција.

„Ги повикуваме сите соборци и соборки денес во 21 часот пред СЈО. Денес е 1. Уште еден ден до 18ти, до денот кога требаше да се гарантира заштитата на СЈО. Напротив, бандата во фотелјите одлучи да ја задржи таа карта за да може да го држи СЈО во заложнишрво со цел да има подобра позиција на евентуалната преговарачка маса. Нема да им помине. СЈО е нашата тврдина, не им ја даваме.Дојдете на герила акцијата за бројот 1, за последниот ден на тактизирање на режимот“, стои во повикот на Богоевски.

http://meta.mk/sharenata-revolutsija-najavi-nova-gerila-aktsija-za-vecherva/

Сподели: