Вести Македонија

ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА со нов протест во понеделник, против новото задолжување на владата

Сподели:

13062175_10154152287204241_5242142858393170534_n

Шарената револуција закажа нов протест за утре, понеделник во Скопје, во 19 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство.

Овој протест е против одлуката на Владата да се задолжи кај комерцијалните банки со еврообврзница од 650 милиони евра.

„Протест! Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците“, пишува на страницата на „Шарената револуција“.

Сподели: