Шилегов: Утре ќе се садат нови јапонски цреши на “Максим Горки”

Сподели

 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов  на својот фб профил најави дека во утре, понеделник, ќе се возобнови и дрворедот со јапонски цреши на Максим Горки, по острата реакција во јавноста по нивното отстранување.

“Подготовки за утрешното садење на јапонските цреши на Максим Горки. Дрвата мораа да бидат одстранети во петокот, заради болест (констатирана пролета 2017). Се обидовме да ги спасиме. Кога оваа пролет стана извесно дека нема да можеме да ги спасиме, набавивме нови и обновата на дрворедот ја испланиравме за оваа есен.

 

 

Очекувам дека “душегрижниците” и “сезнајковците” ќе се појават утре на засадувањето на дрворедот. Ако не се појават, ќе ги засадиме и без нив. Се грижиме за градот и работиме плански.” – напиша Шилегов.