Вести Македонија

Штајнмајер: Порасна отпорот за продолжување на санкциите кон Русија

Frank-Walter_Steinmeier_12

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер смета дека се потешко ќе се постигне договор за продолжување на санкциите кон Русија, кои истекуваат на 31 јули, поради се поголемиот отпор меѓу членките на ЕУ.

– Свесни сме дека отпорот кон продолжување на европските санкции кон Русија порасна, Ќе биде потешко отколку минатата година да постигнеме заеднички став во врска со ова прашање – вели Штајнмајер.

Германија, како што вели тој, сака санкциите да останат на сила се додека не се имплементира мировниот договор од Минск. Сепак, тој додаде дека не може да се игнорира „руската анексија на Крим, која е во спротивност со меѓународното право и ја дестабилизира источна Украина“.

ЕУ во јули 2014 година воведе едногодишни економските санкции против Русија поради украинската криза, а потоа уште два пати ги продолжи.

http://meta.mk/shtajmajer-porasna-otporot-za-prodolzhuvane-na-sanktsiite-kon-rusija/

Сподели: