Штрајк на Управата за водење на матични книги

Сподели

 

Независниот синдикат на управата за водење на матични книги најави дека од утре вработени во управата стапуваат во штрајк, со барање за донесување на колективен договор на ниво на работодавач, усогласување на платите согласно покачувањата на минималната плата и линеарно покачување на платите на сите вработени во управата. Истовремено, бараат унапредување, односно добивање на соодветни звања на вработените во управата.

Синдикатот истакна дека шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите, а штрајкот ќе почне од 8 часот наутро. Независниот синдикат за водење на матични книги на Фејсбук напишаа дека се решиле за штрајк оти никој не го вреднува нивниот труд. 

Тие претходно дадоа рок од 15 дена за нивните барања до Управата, и посочија дека доколку не се исполнат ќе стапат во штрајк.