СИЛЈАНОВСКА: Законот за употреба на јазици е противуставен и го урива Охридскиот рамковен договор

Сподели

Предлог-законот за јазици кој е во собраниска процедура по скратена постапка, е противуставен и го урива духот на Охридскиот рамковен договор, изјави професорката од Правниот факултет, Гордана Силјановска-Давкова во дебатата на „Макфакс“.  Членовите од предлог-законот кои што кои се однесуваат на униформите, симболите и судските постапки, се носат со двотретинско, а не со обично мнозинство, вели Силјановска-Давкова. Дополнително, вели универзитетската професорка, предлог-законот за употреба на јазиците, не се повикува на регулатива или директива на ЕУ, за да биде со европско знаменце и да се носи по скратена постапка, а освен тоа е и во спротивност со деловникот на Собранието.

Професорката од Институтот за македонски јазик, Симона Груевска-Маџоска изјави дека ако се донесе овој предлог-закон за употреба на јазици, Македонија ќе биде стуија на случај во светот. Маџоска изјави дека никој од Владата не ги повикал на консултации пред Законот да влезе во собраниска процедура.

makfax.mk