СЈО: Oсудителна пресуда за Талевска и исплата на избегнатите обврски

Сподели

Во Кривичниот суд денеска почна судењето за предметот „Тифани“ во кој за даночно затајување е обвинета новинарката Ивона Талевска.

Oбвинителката Елена Јосифовска го презентира обвинителниот акт и побарала осудителна пресуда и плаќање на избегнатите обврски.

По презентирањето на обинителниот акт, судијката Лаличиќ даде пауза бидејќи претставникот на Државното правобранителство Зоран Петковски не беше во можност да се произнесе за висината на штетата.

Тој рече дека го добил обвинениоето од СЈО на 15 февруари по што го доставил до УЈП, но, оти од таму до крајот на минатата недела не добил одговор, на што реагираше обвинителката, истакнувајќи дека тоа е крајно неодговорно и несериозно однесување, по што побара половина час пауза.

Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.