Вести Македонија Ударни вести

СЈО врши претреси кај Канческа Милевска и Кирил Божиновски

Сподели:

Утрово Специјалното јавно обвинителство прави претреси во домовите на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Непознато е дали се вршат претреси за нова предистражна постапка и за што се работи. Инаку и двајцата се обвинети во неколку случаи, на Канческа и се суди за „Тендери“, а Божиновски е обвинет за изборни нерегуларности во случајот „Титаник“.

Од МВР и од СЈО ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата.

Сподели: