Вести Македонија Ударни вести

Скопјанец набавил опрема и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај

Сподели:

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.Н.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „компјутерска измама“, казниво по член 251-б став 1 во врска со став 2 и став 6 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 08.11.2018 година, врз основа на судска наредба, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил претрес во домот на пријавениот и притоа било утврдено постоење на активна SIMBOX телекомуникациска опрема, која била одземена.

Пријавениот ја набавил опремата и вршел нелегална терминација на телефонски сообраќај. На тој начин С.Н. се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари за периодот од 03.08.2018 до 09.11.2018 година.

Сподели: