Вести Македонија Ударни вести

Скопје и Атина потпишаа договор за соработка

Сподели:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, денеска во Скопје ја имаа втората официјална средба, и потпишаа Договор за соработка помеѓу градовите Скопје и Атина.

-“Со потпишувањето на овој договор, со Атина ќе разменуваме информации, искуства и добри практики и ќе негуваме соработка во разни области на работа и надлежности, како што се: градска администрација и управување со јавни услуги, урбан развој, урбана отпорност, заштита на животната средина и природата, културни и туристички активности, иновации, информатичка технологија и дигитализација и практики за граѓански ангажман. Воедно, заедно ќе соработуваме во рамките на мрежата Eurocities и ќе ги промовираме трговските контакти” – истакна Шилегов.

Во своето обраќање Шилегов потенцираше дека нашите градови и народи имаат повеќе историја што ги спојува, отколку историја што ги разделува, па затоа и го избрале Музејот на современата уметност да биде местото на кое ќе го потпишат договорот. Музејот ќе ги потсети на нашата заедничка историја кога после земјотресот во Скопје во ’63-та година, меѓу уметниците од целиот свет кои донирале свои дела и го наполниле овој музеј, биле и 34 грчки уметници кои донирале 46 уметнички дела, а нивните дела се дел од грчката колекција на МСУ што денеска ја разгледаа заедно со гостите од Атина.

 

 

 

Сподели: