Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стражa и Ѓавато. Намалена видливост до 20м. поради магла има на патниот Попова Шапка – с.Лисец.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 31.03.2026 до 04.04.2026 година ќе се врши „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“. Во временски интервал од 07:00 до 19:00 часот ќе биде воспоставен изменет режим на сообраќај.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


