Со ова рочиште судот ја заврши доказната постапка за случајот Поткуп и закажа рочиште за завршни зборови на 15 мај. Обвинителката Валентина Бислимовска од судот побара подолг временски период за, како што рече, сериозно да го разгледа предметот и да се подготви за завршен збор. Но судот остана на датумот 15 мај за кога ги задолжи обвинителството и одбраната да се подготват за завршни зборови, по што ќе следи пресуда.
Во изјава за медиумите Заев појасни дека во деловите каде се прекинува снимката недостасуваат разговори за договарање на набавка на градежен материјал, цемент, тули како и струја. Според Заев целиот овој процес е местенка и монструозна смислена цел како подолго да се остане на власт.



