Марш на семејствата на жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, наречен „Марш за ангелите“ се одржува во Скопје, со транспаренти „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“; „Нема да има толку крв ако сè е по закон“.
Неколку родители влегоа во Обвинителството од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај. Потоа, се упатија кон Собранието каде во тек е седница за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пред Собранието тие побараа оставка од Тошковски, но и од сите пратеници, актуелни функционери, обвинители, директори, градоначалници.
Маршот започна во 12 часот и 5 минути како симболика за задоцнетата реакција на институциите.
