Собрание на РМ: Сите амандмани се архивирани и преведени

Сподели

Сите амандмани се архивирени и преведени, но треба да се разгледаат и да се постапи по нив согласно одредбите на Деловникот, по што ќе се разгледува Законот за јазиците.

„Сите амандмани се архивирани, обработени и ставени на е-парламент; Службата на Собранието уредно постапуваше и постапува во рамките на своите надлежности и задолженија, сè до целосното завршување на процесот; Сите амандмани се преведени од страна на службата во Секторот за преведување на Собранието на Република Македонија; Со оглед на големиот број амандмани, истите потребно е да се разгледаат и да се постапи по нив согласно одредбите на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, по што Законот за јазици ќе биде разгледан“, соопштуваат од Собрание.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани за Законот за јазиците, а како што објави ТВ 24 собранискиот спикер Талат Џафери ги известил дел координаторите дека нема намера да закаже нова собраниска седница додека не се реши состојбата со амандманите за законот за употреба на јазиците.