Собранието го избра новиот состав на ДИК

Сподели

– Собранието на Република Македонија со 100 гласа „за“ ги избра претседателот, потпретседателот и членови на Државната изборна комисија.

Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на ДИК, а Дитмире Шеху од ДУИ за потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК.

Привремениот состав на ДИК е избран со двотретинско мнозинство, и за него гласаа и владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што претходно беа договорени.

Со изборот на ДИК, која е со привремен мандат, се создаваат услови за организирање и реализација на претстојниот есенски референдум за името.

Собранието на 56. седница ја усвои потребата за носење на измените и дополнувањата на Изборниот законик, на Законот за Владата на Република Македонија и на Законот за финансирање на политичките партии, сите по скратена постапка.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика матичните комисии да ги разгледаат и да се изјаснат по овие закони, по што за нив ќе се гласа на 56. пленарна седница, која треба да продолжи во 19:00 часот.