Вести Македонија Ударни вести

Собранието избра нови министри во четири ресори на Владата

Сподели:

 

Собранието на Република Северна Македонија, во рамки на 104. пленарна седница, избра четворица нови министри во Владата, по предлог на премиерот Димитар Ковачевски. 

 

 

Кренар Лога е избран за министер кој ќе раководи со Министерството за правда.

За министер за здравство е избран Фатмир Меџити.

Азир Алиу е избран за министер во Министерството за информатичко општество и администрација.

Со Министерството за животна средина и просторно планирање ќе раководи Каја Шукова.

Претходно, Собранието ги разреши досегашните министри во  министерствата за здравство и за  информатичко општество и администрација, како и министерот без ресор задолжен за дијаспора. Исто така, беа констатирани и оставките на досегашните министри за правда и за животна средина и просторно планирање.

Во рамки на 104.седница, Собранието продолжува со работа по преостанатите две точки од дневниот ред: Предлогот за разрешување заменици министри во Владата на Република Северна Македонија и Предлог за именување заменици министри.

Сподели: