Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата, Никола Мицевски и Халил Снопче, членови, учествува на 32-от Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 29 јуни до 3 јули 2025 година во Порто, Португалија.
Општата тема на оваа сесија е „Одбележување на 50 – години од Завршниот акт од Хелсинки: Одговор на новата реалност во ОБСЕ“.
На настанот учествуваат повеќе од 200 парламентарци од Северна Америка, Европа и Централна Азија.

Сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ започна со говори во кои се поздравува 50-годишнината од ОБСЕ како време за активирање на истата смела и стратешка визија што доведе до усвојување на Хелсиншкиот завршен акт во 1975 година, со цел да се најдат решенија за тековните предизвици во безбедноста, економијата и животната средина, како и човековите права.
Зборувајќи на воведната сесија, претседателот на Португалската Република, Марсело Ребело де Соуза, претседателот на португалскиот Парламент, Хозе Педро Агиар-Бранко, претседателката на ПС на ОБСЕ, Пиа Каума (Финска), генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, и шефот на португалската Делегација на ПС на ОБСЕ, Паула Кардосо, потсетија на трајната важност на дијалогот и соработката, како и на потврдувањето на заедничките принципи на ОБСЕ.

Во рамките на седниците на комисиите на ПС на ОБСЕ свое обраќање имаше пратеничката Моника Зајкова која се осврна на активностите на Мрежата на млади парламентарци, на оваа организација, која е многу активна и динамична платформа Таа укажа дека енергијата, посветеноста и визијата на оваа мрежа носат свежа перспектива во ПС на ОБСЕ но исто така влијаат и придонесуваат за парламентарната работа во националните парламенти. Таа укажа дека е време да се премине на институционализација на мрежата.

Пратеникот Никола Мицевски, се обрати на Комисијата за демократија, човекови права и хуманитарни прашања. Тој истакна дека ОБСЕ како организација е воспоставена преку Хелсиншкиот процес и оттогаш е најголемата регионална безбедносна организација, единствено позиционирана да одговори на новите предизвици со комбинирање на политички дијалог, мерки за градење доверба и практична помош на терен. Но, денес сме соошени со брзо развивачкиот геополитички пејзаж обележан со нови предизвици – од обновени тензии меѓу големите сили и хибридни закани до ерозија на демократските институции и упорност на злоупотреби на човековите права. Посветеноста на ОБСЕ на демократијата, човековите права и хуманитарните прашања останува од најголема важност додека алатките и пристапите што се користат мора да се прилагодат на новите реалности.
Сесијата продолжува со Пленарната сесија која треба да се одржи на 2 јули и се усвојување на предложените резолуции.
Годишната сесија, која се одржува во Порто, од 29 јуни до 3 јули, се одржува под општата тема „Одбележување на 50 години од Завршниот акт од Хелсинки: Одговор на новата реалност во ОБСЕ“. На настанот учествуваат повеќе од 200 парламентарци од Северна Америка, Европа и Централна Азија.
Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите на ОБСЕ во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.
