СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА РАБОТАTA НА СЈО

Сподели

SOBRANIE

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе го разгледува извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство, за периодот од 15 март, до 15 септември оваа година.

Покрај шестмесечниот извештај за работата на СЈО, пред членовите на Комисијата е и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека лично ќе го презентира извештајот пред пратениците.

Покрај комисиската расправа, извештајот за работата на СЈО е ставен и на дневен ред на седница на Собранието, закажана за идниот понеделник.