Сончево наутро, попладне пороен дожд

Сподели:

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со можна појава на утринска магла по одредени котлинии, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град, информираат од УХМР.

фото Денес

Сподели: