„Сопот“ испратен до СЈО

Сподели

Обвинителството за организиран криминал го испрати предметот “Сопот“ до Специјалното јавно обвинителство, дознава АЛСАТ-М од добро упатени извори во Јавното обвинителство на Република Македонија. До овој момент нема потврда дали СЈО го примило предметот. Според законот за СЈО, од моментот на прием Катица Јанева ќе има рок од 8 дена да одлучи дали ќе го земе “Сопот“ во нејзина надлежност.