Спасени лица од заглавено возило во снег на Пониква

Сподели

 

Вчера во 17.45 часот по информацијата за заглавени лица со теренско возило во снег на Поникава, Осоговски Планини, од ЦУК се известени Доброволна планинска спасителна служба ДПСС „Осогово“, и екипа од МВР со теренско возило била упатена на местото каде што се заглавени лицата.

Спасителна акција е успешно спроведена за заглавените во снег кај Пониква при што лицата се однесени на безбедно место, а возилото е извлечено од снегот.