Спасовски: Конфискација на имот и нелегално стекната имотна корист

Сподели

“Легализмот не може да биде половичен, ниту пак остварлив доколку не ги содржи сите потребни инструменти или механизми кои што ќе водат до целосна правна сатисфакција. Истовремено, легализмот – како вредносен принцип на општественото поведение и функционирање – не ќе биде воопшто возможен доколку изостанува волја, јасна, недвосмислено изразена, од сите оние задолжени за спроведување на законите“.

– “Конфискација на имот и нелегално стекната имотна корист“, практично претставува едно од есенцијалните правни начела во реално и објективно спроведување на законите, врз основа на кое што можеме да дадеме точна оценка до каде, како и колку сме направиле или сакаме да направиме во граѓаниски консензуалното тежнение за целосно спроведување на владеењето на правото – како фундамент на сеопштиот индивидуален и колективен просперитет.

“Сосема отворено, треба да си кажеме дека многу повеќе од субјективни отколку  од објективни причини, во сите изминати години независно егзистирање на нашата држава, првенствено политиката успеа да креира состојба на правно-политичка, институционална “заробеност“ на правдата и правото, наспроти природните и нужни интереси на граѓаните на Република Македонија. Притоа доведувајќи не сега во позиција во која што постои само еден избор – конечно воспоставување на владеењето на правото, без никакви импровизации, без полурешенија, без компромиси“, потенцираше, меѓудругото првиот човек на македонсаката полиција.