Спасовски: Mаксимална заштита на граѓаните во фер и демократска атмосфера

Сподели

 

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција го објави почетокот на предизборната кампања и повика изборите да се одржат според стандардите што беа постигнати на последните гласања и да бидат достојни на земја членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ која чека преговарачка рамка.

„Посакуваме успешно спроведени избори и во вакви услови со максимална заштита на здравјето на граѓаните. Државата покажа капацитет да се справува со епидемијата. На 15 јули согласно сите мерки на зашита, граѓаните ќе го остварат правото на глас. Правото на граѓаните нема да го загрози нивното здравје. Процесот на гласање не ги изложува гласачите на ризик ако се почитиваат мерките.”

-“Овие избори ќе бидат запаметени зашто ќе се одржат во услови на пандемија. Да си посакаме нивно успешно спроведување и во вакви услови, со максимална заштита на граѓаните во фер и демократска атмосфера”, рече Спасовски.

Тој нагласи дека изборите се решение со кое треба да излеземе од здравствената и социјалната криза, бидејќи на нашата парламентарна демократија, а пред се на јавното здравје потребно и е активно Собрание и целосно функционална Влада. Институциите, рече премиерот,  покажаа капацитет да се справат со корона вирусот, но следната фаза мора да биде успешно спроведување на изборите.

-За првпат одржуваме избори како земја членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ за која се подготвува преговарачка рамка. Да ги афирмираме вредностите на нашето општество кое овозможува толеранција за другите“, изјави премиерот Спасовски и упати апел до сите да  допринесат за еднакви услови и фер натпревар во изборната кампања, без говор на омраза.

-Секое грубо кршење на ова право ќе биде санкционирано од институциите и од судот на јавноста, а исто така и секое кршење на мерките за корона вирусот.Секоја злоупотреба на државните ресурси за партиски цели ќе биде најстрого санкционирана, рече Спасовски упатувајќи ја таа порака особено на актуелните функционери. Според него, институциите сега се транспарентни, а не како порано, и граѓаните ќе имаат увид во нивното однесување.

-Со претходните избори поставнивме стандарди кои не смеат да бидат нарушени. На 15 јули ќе имаме демократски избори, здравствено безбедни, со почитување на мерките. Имаме историска одговорност да спроведеме избори какви што доликуваат  на земја членка на НАТО и на европска декмократија која ја чекори последната фаза до полноправно членство во ЕУ, повтори Спасовски.