Спасовски на Конвенција за полициска соработка во ЈИЕ во Букурешт

Сподели

 

Во текот на следните три дена, од 20 до 22 јуни, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од МВР во Букурешт, Република Романија, каде што ќе учествува на 23. Состанок на Комитетот на Министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа на тема „Спречување на криумчарење мигранти и влијанието на војната во Украина врз полициската соработка“.

Министерот Спасовски за време на работниот престој во Букурешт ќе оствари неколку билатерални средби, меѓу кои со претставникот на Генералниот директорат на Европската Комисија за информатика (DG Digit), Софи Девлешувер, со вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Романија, Марјан-Каталина Предоју, како и со Генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), Огуз Серкан Акин.