Спасовски: Забрзување и подобрување на услугите на нашите граѓани во странство

Сподели

 

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на работната посета во Белград, Република Србија, а по повод потпишување на Протоколот за начинот на извршување на гранични проверки на заедничкиот граничен премин „Лојане – Миратовац“, ја посети македонската Амбасада во Белград, каде што оствари средба со вршителот на работи во Амбасадата на РС Македонија во Белград, Михаела Веселинов.
 
 
 
 
На средбата стана збор за напредокот на регионалната иницијатива Отворен Балкан, започната од РС Македонија, Република Србија и Република Албанија, со цел солидарност и добрососедство, а во функција на унапредување на регионалната соработка и олеснување на движењето на луѓе, стоки и услуги, за подобар живот и стандард на нашите граѓани.
Министерот Спасовски уште еднаш ја потврди заложбата на МВР да се слуша гласот на секој еден македонски иселеник во странство.
 
„МВР е вистински сервис за граѓаните, со ефикасен и економичен одговор за потребите на граѓаните. Секој еден наш граѓанин во дијаспората е важен, продолжуваме со иницирање и забрзување на веќе отпочнатите активности, во насока на подобрување на услугите на нашите граѓани во државите во кои живеат”, истакна министерот Спасовски.