Вести Македонија Ударни вести

Спасовски: Расчистен е случајот за закани за поставени бомби во Кавадарци

Сподели:

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во однос на најавите за поставени екплозивни направи неколку училишта во Кавадарци, истакна дека целиот случај е расчистен.
 
„Во однос на ова прашање за закани за поставени бомби во Кавадрци кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична пријава до соодветното Јавно обвинителство, така да откриен е сторителот и затворен е целиот случај”, информираше министерот Спасовски.
Сподели: