Спорот со името се враќа високо на агендата на Скопје и Атина

Сподели
Спорот со името се враќа високо на агендата на Скопје и Атина. Во пресрет на состанокот меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, пораки на реалација меѓу двете земји, пренесува 24Вести.
Македонија размислува да побара прием во НАТО под привремената референција, а Грција да одлучи каков сосед сака – Димитров со порака во интервју за „Фајненшел Тајмс“, во пресрет на  средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас  в среда. Тој порачува дека очекува во Грција да се сфати историскиот момент.
„Ќе побарам од Грција да размисли каков вид на сосед сака, дали сакаат стабилна, пријателска земја која нуди надеж за демократија и правда. Ако сме добри соседи, тогаш се надевам дека политичките сили во Грција ќе ја искористат ова историска шанса“ – изјавил Димитров.
Шефот на дипломатијата ги повторува позициите на Владата дека евентуалното договорено име за решавање на спорот ќе оди на референдум, а за него ќе се бара и консензус од сите партии. „Фајненшел Тајмс“ го раскажувајќи го бекграундот на прашањето со името, лицитира со Горна Република Македонија. Спорот со името во пресрет на состанокот е високо во фокусот и во Атина.
Грчките медиуми анализираат дека летово ќе биде жешко за Грција и дека се очекува огромен притисок врз грчката Влада за прием на земјава со привремената референца во НАТО, како увертира со која би се наметнало двојно име како решение. „То Вима“, повикувајќи се на функционер од грчката Влада, анализира дека со тоа би се изиграла Атина.
„Високи дипломатски извори велат дека Грција нема да прифати прием во НАТО со привремената референца, бидејќи тоа ќе биде де факто наметнување на двојно име, со што само Грција и меѓународните организации во кои Грција има право на вето ќе го користат привременото име на постојана основа, додека пак за сите други употреби ќе се користи уставното име Република Македонија“, пишува „Вима“.
Дека за Грција е апсолутно неприфатливо членство на Македонија под референцата БЈР вчера од Кожани порача и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Коѕијас во говор во Кожани на настан организиран од неговото политичко движење „Прато“ изјави дека Атина нема против членството на Скопје во НАТО, но најпрво со решено име, и со откажување од ирендентизмот.
Грчкиот шеф на дипломатијата, индиректно потврди дека Грција очекува згоелмен притисок од западните земји и дека лобирањето и евентуалниот успех на Западот да ја интегрира Македонија во НАТО под референцата БЈРМ, ќе биде подарок за Заев и Ахмети за надминување на политичката криза и задржување на стабилнсота. Последната порака од медијаторот во спорот пак стигна пред две недели. Метју Нимиц вели дека решавањето на спорот со името е фактор за стабилност на целиот Балкан и дека лидерите мора да го решат. Околу суштинските разлики на кои запнаа прговорите, како што изјави медијаторот пред 4 години е местото на која би се нашла географската одреденица пред или по терминот Република.