Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на изминатите денови спречија обиди за нелегален влез на мигранти. Воедно при контроли спречени се и повеќе обиди за криумчарење шамивчиња за потенција, чанти, и паметни часовници.
Службата за мобилни скенери спречи обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од земји од Блискиот Исток и Северна Африка.
Мобилен царински тим во царинската испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на стока од испраќач од Дубаи откри 20 паметни рачни часовници Apple watch ultra и 11 кабелчиња за полначи во вкупна вредност од 680 илјади денари, кои не биле опфатени со царинските документи.
Мобилен царински тим во соработка со полициски службеници од МЕКМ – ОГРМ запленија 13 кутии со по 50 ќесички влажни марамици за потенција и четири женски чанти со потпис на „Гучи“.
Царински службеници на граничен премин Јажинце во два случаи спречија обиди за шверц, при што запленети се дрон MAVIC 2 со три батерии и осум резервни перки со проценета вредност од 72 илјади денари, како и 406 разни текстилни производи.
При преглед на автобус на влез во државата на граничен премин Деве Баир во два куфери во сопственост на еден од патниците се пронајдени над 75 парчиња брендирана облека којашто не ја пријавил.
Царински службеници на граничен премин Богородица запленија 8 штеки цигари откако истите ги открија при контрола на товарно моторно возило на влез во државата. Контролата е извршена по пријава од 197, при што во приколката во предниот десен дел на багажот затрупани со стока со која бил товарен се пронајдени непријавените штеки цигари спакувани во ќеса која била излепенa со селотејп.
Во друг случај исто по пријава на 197 на граничен премин Богородица, повикана е службата за мобилни скенери коишто извршија скенирање на возилото при што во кабината се пронајдени шест штеки цигари што возачот не ги пријавил.
извор/фото Царинска управа
.
