Спречен обид за криумчарење лекови, медицински игли, облека

Сподели

Во текот на изминатата недела царински службеници и мобилни тимови спречија обиди за криумчарење лекови, медицински игли, облека и обувки.

-Мобилен тим спречи обид за шверц на 2220 парчиња лекови и тоа: таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња.

-1.100 медицински игли за мерење шеќер во крвта се откриени од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце.

-183 клучеви за возила и 98 делови и уреди за декодирање на клучеви се откриени на Меѓународниот аеродром Скопје во патните торби на патничка која допатувала со лет од Виена.

-123 парчиња автоделови се пронајдени под задното седиште и во просторот за резервна гума на комбе на влез во државата на граничниот премин Делчево.

-Служба за мобилни скенери спречи обид за криумчарење на седум делови за моторна санка. Делото е откриено на влез во државата на граничен премин Табановце.

-Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје во багажот на двајца романски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон открија 144 штеки цигари и 960 грама тутун.

-48 илјада пара чорапи со вкупна вредност од 442.536 денари коишто не биле опфатени со царинските декларации се пронајдени при контрола на стока која била пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.

-73 парчиња облека и обувки се откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на автобус на граничниот премин Табановце.