Вести Македонија

Средба Груби – Жбогар: Со амбициозна динамика на новата реформска агенда заедно со посветеноста за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ

Сподели:

Претседателот на Собраниската Комисија за Европски Прашања, Пратеникот Артан Груби, денес во Совранието го пречека Евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Претеникот Груби и Евроамбасадорот Жбогар разговараа околу реформските предизвици за Македонија во согласност со очекувањата на Брисел, ЕУ и НАТО, предизвиците на Комисијата за Европски Прашања во врска со амбициозната динамика на новата реформска агенда заедно со посветеноста за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.

Пратеникот Груби го запозна г.Жбогар за приоритетите на Комисијата која тој ја води во Собранието и која исто така, опфаќа и голем број на јавни дебати за сите реформски прашања со вклучување на сите пратеници, граѓанското општество, медиумите, меѓународната заедница.

Груби ја изрази својата посветеност заедно со другите пратеници, граѓанското општество и Владата одговорно да се посветат на спроведувањето на реформите.

Владеењето на правото, рамноправност меѓу граѓаните во согласност со Охридскиот Договор, итна Евро-атланска интеграција како и социјалната благосостојба се столб на новото мнозинство на реформи.

Претеникот Груби нагласи дека е во очекување на усвојувањето на Патоказот од страна на Владата како и ја потенцира потребата за усвојување на една сеопфатна Резолуција од страна на Собранието за поддршка на реформите и интеграцијата во Европската Унија.

Сподели: