Средба Лавров-Борг: Натамошно функционирање на институциите на ОБСЕ

Сподели

 

На маргините на 30. Министерски совет на ОБСЕ, актуелниот претседавач со Организацијата, Бујар Османи ги повика министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг, чија земја се очекува да го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година и министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

Средбата беше свикана со цел да се обезбеди натамошното функционирање на институциите на ОБСЕ, во контекст на специфичните околности во кои се наоѓа Организацијата“, информираат од МНР.