Вести Македонија Ударни вести

Средба на претседателот Пендаровски со европратениците Чолош и Кјучук

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими пратениците во Европскиот парламент, Дачиан Чолош, претседател на парламентарната група „Renew Europe“ и Илхан Кјучук, известител за Северна Македонија и член на парламентарната група „Renew Europe“.

На средбата беа разменети мислења за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на принципиелната поддршка од Европскиот парламент за процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и одржувањето на прашањето на агендата.

 

 

Претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето на државата дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена во текот на март, со што би се отворила можноста за отворање на пристапните преговори за членство во текот на хрватското претседателство со Унијата.

 

 

На средбата беа разменети мислења и за актуелните случувања во Република Северна Македонија, во пресрет на предвремените парламентарни избори.

 

 

Сподели: