ССК на средба со министерот Фатмир Бесими

Сподели

 

Претставници на Сојузот на стопански комори, претседателот Трајан Ангелоски, потпреседателите Горан Ѓорѓиевски, Сашо Дукоски, Ромео Костадинов, како и Драган Пехчевски член на Управен Одбор, имаа средба со министерот за финансии Фатмир Бесими. На средбата се разговараше на тема финансии и структура на буџетот за следната 2024 година, како и предлози на Комората за поповолна деловна  клима во нашата држава.

 

На состанокот беа  потенцирани финансиски прашања  на кои заеднички
треба да се делува: зголемување на ефикасноста и економичноста на
јавната администрација, намалување на сивата економија, примена на
Е-фактура и дигитализација, реструктуирање на јавните претпријатија
загубари, да се инвестира во енергетска ефикасност и обновливи извори на
енергија – декарбонизација како во јавниот така и во приватниот сектор, активна изградба на инфраструктура, патна, железничка, усогласување на
царините со ЕУ тарифна регулатива, се со цел да бидеме дел од европскиот
економски простор.

Во оваа прилика се споменаа и темите како зголемување на платите во
јавниот сектор и се потенцира ова да не биде  главен приоритет во
следниот период бидејќи се одразува негативно на целата економија. Воведувањето на новите даноци ја намалува предвидливоста на бизнис секторот и претставува дополнително оптоварување како и намалување на конкурентноста.

Сојузот на стопански комори интензивно работи и се насочува кон долгорочен економски раст, подобрување на легислативата, делува и работи
на стабилен економски раст, поврзување и можност за долгорочен развој на нови ЕУ пазари, инвестиции во зелена технологија и обновливи извори на енергија. Потребна е уште поголема фокусираност и примена на нови мерки за создавање на бизнис клима со која ќе се овозможи зголемување на условите за производство и стимулирање на извозот.

“Бизнисот втемелен на заедничко работење, тоа значи градење економија
втемелена на знаење, на иновации и економија која ќе гради партнерство
со сет мерки  меѓу бизнисот и државата”, истакна Ангелоски.